Клемент Бон: Самитот Путин – Бајден нема да се случи пред четврток

Францускиот министер за европски прашања Клемент Бон изјави дека самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, „нема да се случи пред четврток“. Тој ги даде коментарите за француската телевизија LCI.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска треба телефонски да разговара со својот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, а в четврток со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Бон ги опиша овие состаноци како „подготвителни“ за самитот меѓу двајцата претседатели.

– Ќе ја видиме ситуацијата по тие дискусии, истакна францускиот министер.

Путин и Бајден начелно се согласиле на билатерална средба на која ќе разговараат за тензиите околу Украина, по повиците со францускиот претседател Емануел Макрон, вклучително и тричасовната дискусија со Путин, според Бон.

– Дипломатската надеж е обновена од Макрон, нагласи тој.

Back to top button
Close