Клиниката Гастро доби нов ултразвучен апарат

Универзитетската Клиника за гастроентерохепатологија денеска го презентираше новиот ултразвучен апарат кој ќе биде дел од Центарот за болести на црн дроб и примарно ќе се користи во дијагностика на карцином, а потоа и за други ултразвучни иследувања за потребите на пациентите на оваа клиника.

Д-р Калина Гривчева Старделова, упатувајќи благодарност до донаторот, фондацијата „Никола Јанчев“, на настанот изјави дека овој апарат е одличен за одредување на структурата на црниот дроб и можност рано да се забележат сите оние сомнителни промени во градбата на црниот дроб кои потенцијално би ги доиспитале и ако се покажат потребни за интервенција би интервенирале понатаму.

– Превенцијата би била со следење на потенцијални пациенти кои можно би добиле карцином на црн дроб, лекување на вирусните хепатити Б и Ц. Рана детекција е нешто што е апсолутно секаде идеја како би се третирало – рече таа.

Јанинка Чупаркоска од Фондацијата „Никола Јанчев“ истакна дека при едно вакво време на глобално здравство и економска криза, сепак успеале да дадат еден хуман акт со доделувањето на ултразвучниот ехо-апарат кој што е во вредност од два милиони и триста илјади денари.

– Нашата фондација има една единствена цел а тоа е да им помага на луѓето преку хуманитарни активности – рече таа.

Back to top button
Close