Клиперс го победи Далас, Дончиќ се повреди

-Еден од главните кандидати за титулата во НБА оваа сезона, Лос Анџелес Клиперс повторно го презеде водството во серијата од првото коло од плеј-офот на Западната конференција во НБА со Далас Маверикс.

Тимот од Калифорнија ја совладаа екипата од Тексас со 130-122 во третиот дуел од серијата и поведоа со 2-1. Одлучувачка беше втората четвртина, во која Клиперси се одвоија во резултатот, освојувајќи го делот со 45:31.

Друга непријатна вест за Мавси по судирот што заврши утрово е дека словенечката суперѕвезда на тимот, Лука Дончиќ се повреди. 21-годишниот бек има повреден зглоб и ги чека резултатите од магнетната резонанца. Многу е веројатно дека Дончиќ ќе го пропушти следниот натпревар од серијата. Словенецот претрпе повреда во третата четвртина, а потоа се врати кратко на паркетот во четвртата, но не успеа да го заврши натпреварот.

Сепак, Дончиќ за 29 минути забележа уште еден „трипл-дабл“: 13 поени, 10 скока и 10 асистенции. На 21 година и 175 дена, тој стана третиот најмлад играч во историјата на НБА кој забележа „трипл-дабл“ во меч од плеј-офот. Единствените двајца кои имаат такво достигнување на помала возраст се Меџик Џонсон и Леброн Џејмс.

Другата голема sвезда на Далас – латвискиот центар Кристап Порзингис оствари силен натпревар со 34 поени и 13 скока, но неговите напори беа недоволни за екипата на Рик Карлајл. Бековите Тим Хардвеј и Сет Кари (од клупата) постигнаа по 22 поени за Далас.

Ѕвездата на Клиперс, Каваи Ленард забележа 36 поени, 9 скокови, 8 асистенции, 2 украдени топки и 1 блок. Сите играчи од стартната петорка на екипата предводени од Док Риверс забележаа двоцифрен број на поени, откако другата голема sвезда на тимот Пол Џорџ постигна само 11.

Четвртиот натпревар од серијата е на 23 август. Како што е познато, сите НБА натпревари по рестартирањето на сезоната се играат во Орландо.

 

Бруклин – Торонто 92:117
* Торонто води во серијата со 3-0 во победи

Јута – Денвер 124:87
* Јута води во серијата со 2: 1 во победи

Филаделфија – Бостон 94: 102
* Бостон води во серијата со 3-0 во победи

Далас – Л.А. Клиперс – 122: 130
* Клиперс води во серијата со 2: 1 во победи

Back to top button
Close