Клисаровска на раб на солзи: Недостигот на лекови на Онкологија ме става под голема одговорност!

Директорката на Клиниката за онкологија доктор Виолета Клисаровска на Анкетната комисија на раб на солзи и со растреперен глас кажа дека недостатоците на лекови воопштено, и како човек и како лекар и како медицински директор ја ставаат под голема морална одговорност.

-Сум помислила јасно и гласно да го изразам тоа но со оглед на истрагата не е пожелно во овој момент, рече доктор Клисаровска.

Откако таа се вознемири, побарана беше кратка пауза, по што продолжи да одговара на прашањата на пратениците,

Пратеничката Марија Георгиевска ја праша директорката на Онкологија дали здравствен осигуреник има право да добие лек од Онкологија кој ќе му биде аплициран во друга здравствена установа, на пример приватна болница.

-Точно е дека се издава терапија за пациентите да ја примат во друга институција. Кога пациентот има извештај од лекар терапијата може да се прими во приватна здравствена институција. Традицијата се залагам да се редуцира. Ако сме давале на некој да се доврши терапијата, но за нови пациенти оваа традиција да замре рече директорката.

За неа долгорочното решение со проблемите со биолошката терапија е да се прошири позитивната листа на лекови односно биолошката терапија да биде на позитивна листа.

Внесувањето на овие лекови за третман е за поздрав зашто можеме со нив да обезбедиме европска квалитетна услуга на нашите болни, да не бидат оставени само на стандардната хемотерапија. Проблемот е што откако постои условниот буџет, условени сме со одредена количини. Тежината е префрлена на клиниката, некако таа да успее да ги изменаџира тие лекови само за пациенти за кои е одобрено. Тоа е изворот на проблемот, зашто има повеќе пациенти што треба да се вклучени, ама сте условени од друга страна со одредена количини. Едно од решенијата е позитивната листа на лекови. Имам информации дека неколку разгледувања на апликации на лекови се случуваат. Ќе се задолжи државата а не Клиниката. Треба многу повеќе финансии, рече доктор Клисаровска.

Пратеникот Тони Јаревски рече дека треба да се врати паралелниот увоз на лекови и да се обезбеди поголема конкурентност со цените, па тогаш нема да има потреба од пречекорување на буџетите и креирање долгови.

Пратеникот Зоран Коцевски ја праша директорката на Онкологија како може лице под истрага, екс-директорот Никола Васев, како што рече да биде во конзилиумот на клиниката.

Јас кога чув кој е во онколошкиот конзилиум, ми влезе во глава едно име. Никола Васев. Тој е под истрага. Во негово време се случува монструозен чин. Во што е искусен? А ако се покаже дека е искусен во продавање на биолошка терапија, што ќе кажете, што правел таму цела година во овој конзилиум? Како некој што е под истрага е во онколошки конзилиум, праша Коцевски.

Директорката Клисаровска укажа дека има проблем на клиниката со вработувањата, а дека последен пат нови вработувања барале во јуни, а на барањето уште нема одговор

Back to top button
Close