Клоп: Црвениот дрес добро би му стоел на Санчо

Ливерпул, 27 јуни 2020 (МИА) – Првото место на Ливерпул во Премиер лигата нема да го натера Јирген Клоп да наддава за Џејдан Санчо. Менаџерот на шампионите призна дека му се допаѓа фудбалерот на Борусија (Дортмунд), но не планира негов трансфер.

Германскиот клуб скоро сигурно нема да ја намали неговата цена, која е над 100 милиони евра. Во оваа фаза, се чини дека Манчестер Јунајтед е единствената опција пред Санчо.

– Црвениот дрес добро би му стоел на Санчо. Тој е многу интересен играч, но мислам дека тој нема да дојде кај нас летово. Ако тој заврши во Ливерпул, јас ќе бидам најизненаден од сите, се пошегува Клоп.

Неодамна, тимот од Мерсисајд одби да плати 53 милиони евра за друга sвезда од Бундеслигата – Тимо Вернер, кој се пресели во Челси.

Back to top button
Close