Клоп: Не можете да срушите рекорд ако размислувате за тоа цело време

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не сака да зборува за шансите на клубот да постави рекорд по освоени бодови во Премиер лигата.

„Црвените“ денес во натпреварот од 33. коло ја победија Астон Вила со 2:0.

– Можам да кажам само едно. Не постои ниту една шанса да срушиме рекорд ако постојано размислувме за тоа. Не ни треба рекорд, потребни ни се три бода. Ние не размислуваме за такви работи. Да се ​​освојат три бода е веќе прилично тешка задача. Денес, Астон Вила се бореше напорно и ги искомплицира нашите животи. Ми се допадна средбата, настапот не беше брилијантен, но беше доволно да победиме, истакна Клоп.

Ливерпул по 33 кола е убедливо прв во Премиер лигата со 89 бода и обезбедена шампионска титула.

Back to top button
Close