Клубот за бугарско-македонско пријателство го поздравува напредокот во односите меѓу двете држави со прифаќање на францускиот предлог

Flags of Macedonia FYROM and Bulgaria with a EU flag in the middle

-Ги поздравуваме нашите две влади и два парламента за пројавената храброст, како и усилбите на Франција и целата Европска унија за постигнатото решение, се вели во соопштението
Клубот за бугарско-македонско пријателство го поздравува напредокот во односите меѓу Бугарија и Македонија постигнат со прифаќањето на европскиот предлог од двете земjи.

„Ги поздравуваме нашите две влади и два парламента за пројавената храброст, како и усилбите на Франција и целата Европска унија за постигнатото решение. Јасно осознаваме дека ова е само почеток на еден сложен и повеќедимензионален процес кој треба да добие општествена поддршка во двете земји. Ние во КБМП сме убедени дека тоа може да биде постигнато само со активна и сесрдна размена на сите нивоа меѓу двете општества и остварувањето на заеднички цели со потенцијалот и усилбите на граѓаните и невладиниот сектор“,

се вели во нивното соопштение.
Оттаму велат дека претстои многу работа за создавање услови за односите да не бидат ограничувани само на високо политичко ниво, туку дека треба да се создаде дијалог меѓу општествата во целост.

„Само така можеме да го надминеме меѓусебното непознавање, кое дозволува за ‘херои’ на нашите односи да бидат претставувани само оние, кои всадуваат страв и омраза меѓу нас. Овие ‘актери’ треба да бидат заменето од луѓе кои нѐ поврзуваат, а не нѐ разделуваат, луѓето кои градат мостови, врски и разбирање, а не омраза и реваншизам“,

велат од Клубот за бугарско-македонско пријателство.

Back to top button
Close