Клубовите од Премиер лигата потрошија рекордни 2.37 милијарди фунти
Откако Лидс го ангажираше фудбалерот на Милан, Ноа Окафор, за 18 милиони фунти, вкупната потрошувачка на клубовите од Премиер лигата ова лето достигна рекордни 2,37 милијарди фунти, објави денеска Би-Би-Си.
Вкупната потрошувачка на премиерлигашките клубови го надмина рекордот од 2,36 милијарди фунти поставен во летото 2023 година. Шест клубови ги урнаа сопствените рекорди. Меѓу нив, Брентфорд потроши 42,5 милиони фунти за Буркинабе Данг Уатара од Борнмут, додека Борнмут плати 34,6 милиони фунти за Бафоде Дијаките.
Новопромовираните премиерлигаши Барнли и Сандерленд, платија 25 милиони фунти за Лесли Угочуква и 26 милиони фунти за Хабиб Џара.
Нотингем Форест го собори клупскиот рекорд двапати – за Дан Ндоје од Болоња и Омари Хичисон од Ипсвич (37,5 милиони фунти).
Ливерпул плати 100 милиони фунти за Флоријан Вирц од Баер Леверкузен во јуни, со можни дополнителни 16 милиони фунти, што би станало британски трансфер рекорд, соборувајќи го претходниот рекорд на Челзи од 107 милиони фунти за Енцо Фернандез во 2023 година.
Десет денови до затворањето на преодниот рок, се очекува оваа рекордна потрошувачка на Премиер лигата да биде уште повисока.