Клучното прашање е: зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани?“, велат од СДСМ

„Нема правда за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 деца, а над 200 беа повредени“, реагираше денеска СДСМ преку соопштение.

Поминаа речиси три месеци, а Обвинителството не поведе ниедно обвинение против актуелни функционери на власта, кои биле на функции. Тоа не може да биде случајно. Тоа е организирана заштита од власта. Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани? Дали се плаши дека ако истрагата ја следи вистината, таа ќе стигне до врвот на власта? Дали затоа се штитат вистинските виновници? Началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска-Маневска, и покрај тоа што беше на функција за време на трагедијата, остана недопирлива. Зошто не одговара за тоа што не постапила по службените белешки за незаконското работење на „Пулс“? Зошто не одговара за затворената врата – клучен фактор за смртта на десетици млади? Зошто не е обвинет сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого има индиции дека бил директно инволвиран во незаконско затворање на дискотеката? Иако има сведочења за негов контакт со сопственикот и за контроли надвор од процедурата, Петрушев не се гони. Можеби затоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ? И Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, е недопирлив“, велат од Социјалдемократскиот сојуз.

„И покрај сомневањата за фалсификати во акциската документација и неговото присуство во критичната ноќ, обвинение нема. Дали затоа што е во блиска врска со Орце Тодоровски-Ефто, еден од најблиските луѓе до Мицкоски? Во истрагата се опфатени обични полицајци, кои минатата година ја казниле дискотеката, но не и оние што имале службена обврска да проверат сопственост и правен статус на објектот. Селективната правда е неправда. Родителите, семејствата и цела Македонија заслужуваат одговори, а не молк и заштита на виновниците. Го повикуваме Обвинителството да се ослободи од политичкиот притисок и, конечно, да спроведе независна, професионална истрага“, додаваат од опозициската партија.

 

 

Back to top button
Close