Книгата „Што ако…?“ од Мет Мури и Ендрју Р. Мекхју објавена на македонски јазик

– Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави книгата „Што ако…?“ од Мет Мури и Ендрју Р. Мекхју. Поднасловот на книгата е „Прашања и активности за љубопитни умови“, а македонскиот превод е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Делото првично е наменето за младите читатели, но соодветно е и за возрасните. Уредникот Филип Видиновски го претстави ова издание на вчерашната онлајн-промоција, што се одржа на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. На онлајн-промоцијата учествуваше еден од двајцата автори, Мет Мури и Киро Јорданов, кој е наставник по англиски јазик во Основното училиште „Славејко Арсов“ и досега има работено со неговите ученици, користејќи го ова издание.

Како што соопшти издавачот, Мури долго време бил во нашата земја како доброволец во Мировниот корпус и учествувал како предавач во многу македонски градови.

– За мене, ова е многу лична книга и на некој начин е едно љубовно писмо, затоа што во ниту еден момент не сум бил толку полн со прашања отколку кога живеев во Кратово, истакна Мури, кој првпат бил во земјава во деведесеттите години на 20 век, а денес живее во Калифорнија.

Заедно со Ендрју ја конципирале книгата и најголем предизвик им бил кои прашања да ги вметнат во финалната верзија. Ја издале „Што ако…?“ на англиски јазик и при неговиот втор престој во земјата се запознал со Киро Јорданов на конференција за наставници на која ја презентирал книгата и концептот на учење базирано на љубопитност.

– Забавно е да се види кои се интересите на учениците што не би можеле да ги видите во текот на едно класично предавање и по предвидениот курикулум, посочи Јорданов. Додаде дека оваа книга покрива теми од различни области, како историја, наука, филозофија и и би можел да ја користи секој наставник без разлика на предметот што го предава.

Книгата може да се најде на македонски јазик во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарача онлајн преку интернет-страницата www.literatura.mk.

Back to top button
Close