Книгата „Тажниот гостин“ од Матијас Наврат преведена на македонски јазик

Како дел од програмата „Креативна Европа“, во книжарниците на ТРИ е објавена книгата „Тажниот гостин“ од Матијас Наврат, дел од едицијата „Читаме заедно“. Преводот е на Слободанка Поповска.

Книгата говори за смислата и одговорите за суштината на животот и смртта, а главниот јунак се бара себеси во непознат простор и полека ја ослободува својата приказна.

-Се отвораат прашањата дали можеби во целата празнотија и самотија човек може да заборави на болката или сепак треба да научи да живее со неа, зашто таа е дел од животот на секој човек, исто како што се среќата и љубовта, тагата и меланхолијата, целокупното постоење, велат од книжарница ТРИ.

Матијас Наврат е германски романсиер кој во 2012 година се наметна на европската книжевна сцена, а во 2020 година ја доби Европската награда за литература за „Тажниот гостин“ – меланхолична книга за современиот Берлин, која му овозможува на читателот да се претопи во неговото минато и да почувствува што е она што останало во сегашноста.

Back to top button
Close