Книжевната награда „Наџи Намаан“ за Васил Тоциновски

 Македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски е добитник на Меѓународната книжевната награда „Наџи Наaман“ во категоријата за целкупен опус. Станува збор за признанија кои се доделува во повеќе категории и со традиција и континуитет од 19 години.

Востановени се во 2002 година и „се доделуваат на автори на книжевни дела кои се најеманципирани по содржина и стил, а чија цел е да ги оживеат и развиваат човечките вредности“. Жирито соопштува оти годинава литературните награди имаат 75 добитници во повеќе категории и тие биле избрани во конкуренција на 3 217 учесници од осумдесет земји кои пишувале, создавале на шеесет јазици.

Васил Тоциновски е носител на признанието за целокупен опус. Во септември победниците, соопштува организаторот, ќе ги видат своите одбрани текстови печатени во годишната книга во бесплатната литературна серија на Фондацијата за слободна култура „Наџи Намаан“. Добитниците со тоа стануваат и почесни членови на Домот на културата на Намаан во Бејрут, Либан.

Она што секако треба да се забележи е податокот оти носител на предлогот за можен добитник на признанието за Тоциновски е познатата поетска авторка Олга Лалиќ Крофицка, поетеса, есеист, критичар, колумнист и преведувач. Нејзин е и изборот од поетското творештво на македонскиот автор како посебен прилог со препеви од македонски на англиски, германски, француски, полски, хрватски и српски јазик. Податок што не изненадува, зашто станува збор за писател чии стихови биле публикувани во повеќе полски списанија, антологии, а во 2015 година е објавена книгата раскази „Од другата страна на морето“ што била проследена со пофални критичарски толкувања и вреднувања.

Творечкиот опус на Васил Тоциновски се 91 книга белетристика (поезија, раскази, романи за возрасни и за деца и млади, книжевна критика и есеистика) и македонска литературна историја, потписник е на седумдесет редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство, бил соработник во 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници. Во земјата и во странство објавил околу две илјади книжевни студии, критики, есеи, записи. Преведуван е на дваесетина јазици и добитник е на триесетина значајни, престижни домашни и странски награди и признанија

Back to top button
Close