„Книжевни проекции 2025: Година на значајни јубилеи“ – Научна конференција на Институтот за македонска литература

Во организација на Институтот за македонска литература (ИМЛ) на 25 и 26 септември ќе се одржи Меѓународната научна конференција „Книжевни проекции 2025: Година на значајни јубилеи“.

Свеченото отвoрање на конференцијата ќе се одржи во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков“ во Скопје на 25 септември, со почеток во 10.30 ч. На отворањето oбраќања ќе имаат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорка на Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје проф. д-р Наташа Аврамовска. А свое излагање насловено „Значењето на писателите родени во четвртата деценија за развојните вертикали на македонскиот роман“ ќе има и проф.  д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од Институтот за македонска литература.

Потоа работата по сесии ќе продолжи да се одвива во салата за седници на Институтот за македонска литература во двата работни дена (25 и 26 септември).

Back to top button
Close