Коњановски: За среќа повредени нема, има испукани sидови на згради, нема срушени објекти

Заедно со екипите на Општината бевме сведоци на испуканите ѕидови на колективните згради. Нема срушени објекти. Тоа што се гледа на социјалните мрежи како срушен објект, тоа е напуштена куќа во кој не живеат луѓе, изјави Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола за „Слободен печат“, по серијата земјотреси кои се случија во близина на Лерин од другата страна на македонско-грчката граница, а се почувствува во речиси цела Македонија, најсилно во Ресен и во Битола.

 

 

– Веднаш по вчерашниот удар во 22 часот и 44 минути излеговме на терен заедно со дел од членовите на Кризниот штаб да видиме каква е состојбата во градот. Покрај првичната паника, посебно на станарите од повисоките згради, поголем дел од граѓаните беа излезени на улица. Нормално, кој во автомобилите, кој бараше покрив и заштита на друго место. Бевме сведоци на испуканите делови на колективните згради, како и на преградни sидовите и сл. Првично не би можеле ние да кажеме дали има некоја поголема штета, меѓутоа за среќа повредени нема. Контактиравме со итната медицинска помош, а во противпожараната единициа немаше повиции, изјави Тони Коњановски – градоначалник на општина Битола за „Слободен печат“.

Во текот на денешниот ден ќе заседава Кризниот штаб на општина Битола, а денеска ќе се одржи и редовната четврта седница на Општина Битола на која со вонредна точка ќе се формира комисија за проценка на штетите.

 

 

– Комисијата ја составуваме, тоа се луѓе кои се дел од општинта, стручни лица инженери кои ќе ја вршат таа проценка и контактирано е со директорот на ИЗИС кој ни даде сугестии како тоа најдобро да се одвива, вклучени ќе бидат секако и луѓе на ИЗИС доколку наидеме на поглеми штети на објекти, информира Коњановски.

Тој додава дека како последица на земјотресот нема срушени објекти.

– Тоа што се гледа на социјалните мрежи како струшен објект, тоа е напуштена куќа во кој не живеат луѓе. Тоа е стар објект, нагласува тој.

Back to top button
Close