Кој ќе биде иден сопственик на ТикТок? Во трката се приклучија Мајкрософт и Оракл

Според странските медиуми, Оракл и Мајкрософт, заедно со други инвеститори, се во преговори за купување на ТикТок. БајтДенс ќе задржи мал удел во компанијата, а алгоритмот, собирањето податоци и ажурирањата на софтверот ќе бидат под надлежност на Оракл. Медиумите велат дека и Белата куќа е влезена во преговорите, но нема официјален коментар од Трамп.

Во саботата, на пат кон Флорида, Трамп изјави дека разговарал со многу луѓе кои имаат интерес за ТикТок, но и дека Оракл не биле меѓу нив.

Други кои наводно размислувале да го купат ТикТок се Илон Маск, милијардерот за недвижнини Френк Мекорт и водителот на Шарк Тенк – Кевин О’Лири.

Серверската мрежа на Оракл веќе е во голема мера одговорна функционирањето на ТикТок, а потенцијалниот договор би овозможил Оракл „ефикасно да го следи и да обезбедува надзор над она што се случува со ТикТок“, изјавил анонимен извор за NPR, кој додадал дека целта е намали кинеската сопственост и влијание.

Во 2020 година, Бил Гејтс ја именуваше битката за сопствеништво како „отровен пехар“, но наводно и тој е дел од сегашните преговори. Од Мајкрософт нема официјален став.

Back to top button
Close