Кој е осомничениот за двојното убиство и убиството на Оки –повратник од Сирија кој го сменил презимето

Грчката полиција распишала европска потерница по осомничениот за убиството на водачот на криминалната група „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки кој беше убиен на 15 јули минатата година додека беше на одмор во Халкидики.

Грчките медиуми вчера објавија дека идентификуван е убиецот на Оки и дека станува збор за истото лице што е осомничено за двојното убиство што се случи во март минатата година во „Шиша бар“ кога беа убиени Јетон Кривањева – Жила и Енес Исеинов-Љаци, припадници на истата група и блиски соработници на Оки.

 

Како „Дуќанџиќ“, „Беланоца“ и другите нарко-картели влегоа во крвава војна до истребување?!

Дел од медиумите на албански јазик веќе го објавија неговото име. Неделникот „Фокус“ во серија текстови пишуваше за крвавата пресметка на криминалните групи, но и за Гани Марку кој е осомничен за убиството на Оки.

 

Тој беше уапсен на 8 август минатата година и се сомничи дека учествувал во купопродажбата на автомобилот „Ауди“, односно возилото со кое убијците дошле до „Шиша бар“ , а потоа го запалиле.

Како што објави „Фокус“, Гани Марку го сменил презимето, односно претходно се презивал Туша. Се барал со меѓународна потерница и е повратник од боиштата во Сирија, поточно припадник на групата Ал Нусра.

Повеќе

Back to top button
Close