Кој ќе победи на изборите?

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Ова е толку лесно прашање, што не заслужува драматичен одговор: Ќе победи подобриот!

Како се определува тоа што е подобро?

Дефиницијата е: Она што е попосакувано, позадоволително, поефективно – во постоечките околности.

Како што се гледа, се работи за комбинација на надеж, постигнување на одредена аспирација во догледна иднина – оти, ако е иднината недогледна, таму сите ќе бидеме мртви – во комбинација со реалноста. Ова, последново (реалноста), значи дека во нашите аспирации може (треба!) да нè водат и највисоките стандарди или идеали за тоа каде сакаме да стигнеме, но критериумот на остварливоста, односно разбирањето на потенцијалите, е оној што прогнозите ги прават да бидат сериозни, а не фантазија.

Значи, реалноста не е во придавката („подобар“), туку во именката што таа ја опишува. На пример: кој би бил против тоа Македонија да има подобра вселенска програма? Кога би имале потенцијал за некаква… И така натаму.

Со други зборови, во македонската политика да се прогнозира кој е подобар за да победи на изборите, значи да се знае од каде дојдовме, за да знаеме кон што се стремиме.

До тука е процесот рационален. Кога на тоа ќе се додадат емоциите – бидејќи луѓето не го дефинираат подоброто, а особено не во политиката (како и во љубовта!), само врз основа на фактички анализи – тогаш прогнозата за победникот на изборите наеднаш станува релативна: Треба да победи овој, ама…

Тогаш на сцената стапуваат оние кои се експерти за емоции, кои во дефиницијата за подоброто повеќе се занимаваат со попосакуваното, одошто со поефективното, за да стигнат до позадоволителното. Оти, ефективноста би можела уште и прецизно да се пресмета, но за да се постигне победничко задоволство, треба да се знае што посакува мнозинството. Тоа е тоа море, на кое треба да му се одредат обалите.

Во ваков контекст, да се вратиме на прашањето: Кој ќе победи на овие избори?

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

Back to top button
Close