„Кој е следен?“за во четврток најави нов протестен марш

Граѓанското движење „Кој е следен“ најавува нов протестен марш, повикувајќи ги „сите што беа понижени, игнорирани и обесправени во овие 35 години“ да се здружат „против заедничкиот непријател, системот кој сака да заборавиме“.

„Системот заборава – но, ние не забораваме. Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да нè исплашат, секоја неправда со која сакаат да нè замолчат. Тоа што нѐ напаѓаат, значи дека нѐ слушаат и ни потврдуваат дека ја зборуваме вистината, а вистината ги вознемирува само оние што профитираат од нашето секојдневно страдање. Два месеци бараме промени, но ништо не се менува! По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште потивки“, велат од „Кој е следен?“

Кој е следен? – најава за протестен марш, 8 април 2025 г.
„Системот што требаше да нè заштити, нѐ остава да умираме. Пратениците кои треба да нѐ претставуваат, нѐ оставија да се претставуваме сами, судиите кои треба да донесат правда, ја одложуваат додека таа не стане бесмислена. Време е да се разбудиме. Време е да го промениме системот. Ова не е марш на „Кој е следен?”. Ова е повик за здружување, против заедничкиот непријател, системот кој сака да заборавиме. Но, ние не забораваме. Ние паметиме. И затоа, не заминуваме. Не се повлекуваме. Излегуваме на улица. Повторно. Погласно. Појасно. Системот е следен!“, пишува во соопштението од граѓанското движење.

Back to top button
Close