КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА МАСАКРОТ ВО МОСКВА „Објаснувањето дека ИСИС стои зад нападот не му одговара на Путин“: Се префрла вината за крвавиот напад

Најсмртоносниот руски терористички напад во последните децении можеби не е директно поврзан со војната во Украина, но тоа не значи дека нема да има импликации на нејзината иднина. Русија започна бран воздушни напади против Украина два дена по масакрот во Москва и, како што пренесува Vox, грозоморниот напад стана уште една битка во тековната информативна војна меѓу Русија, Украина и западните сојузници на Украина, вклучително и САД. А природата и времето на нападот, наведува порталот, заедно ја прават оваа трагедија плодна почва за теории на заговор.

Најмалку 133 лица загинаа во нападот на концертната сала Крокус во петокот во Москва. Група напаѓачи во тактичка опрема отвор оган врз посетителите со автоматско оружје и ја запали зградата. Додека Исламската држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот, рускиот претседател Владимир Путин во саботното обраќање прикриено го обвини Киев дека се обидувал да им помогне на четворицата наводни напаѓачи да избегаат по масакрот, пишува британски „Телеграф“.

 

Украина негираше вмешаност, а САД соопштија дека пред неколку недели предупредиле на заканата од неизбежен терористички напад во Москва.

 

Префрлање на вината

 

Сепак, додека звуците од пукотници, експлозии и врескања продолжуваат да одекнуваат во Москва, Украина и Русија почнаа да си ги префрлаат обвинувањата, обвинувајќи се меѓусебно за масакрот во концертната сала и решени да ја воспостават својата позиција како доминантна, пишува Политико.

 

Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев на „Телеграм“ предупреди на пеколна одмазда, доколку се покаже дека Украина била вмешана во нападот.

 

“Доколку се утврди дека се работи за терористи на режимот во Киев, сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно уништени како терористи“, изјави тој, додавајќи дека „официјалните претставници на државата“ нема да бидат имуни од прогон.

Киев возврати.

Украинската воена разузнавачка служба ГУР дури ги обвини „специјалните служби на Путин“, велејќи дека нападите биле нивна „планирана и намерна провокација по налог на Путин“. „Невна цел е да ги оправдаат уште пожестоките напади врз Украина и целосната мобилизација на Русија“, се додава.

ГУР посочи дека нападот се случил недолго откако Путин бил реизбран за претседател, а само неколку часа по објавувањето на интервјуто во кое портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за прв пат го опиша конфликтот во Украина како „војна“ наместо „специјална воена операција“.

„Јавната егзекуција на луѓе во Москва треба да се сфати како закана на Путин за уште поголема ескалација и проширување на војната. Путин има големо искуство во организирање на такви терористички напади со цел да ја зајакне сопствената моќ“, изјави ГУР.

 

 

Претходни напади во Русија

 

Како што пишува „Политико“, ова се однесува на серија експлозии во 1999 година во четири станбени блокови во руските градови Бујнакск, Москва и Вокгодонск, во кои загинаа над 300 луѓе. Експлозиите ја предизвикаа Втората чеченска војна, која ја зголеми популарноста на Путин, тогашниот премиер, а подоцна беше избран од Борис Елцин да го наследи како претседател на Русија.

Како што наведува „Политико“, со години останале прашањата дали овие напади се таканаречени „операции со лажно знаме“ извршени од руските безбедносни служби за да се оправда чеченската војна.

 

Во моментов на интернет кружи видео на кое поранешниот руски шпион Александар Литвиненко, кој почина од труење во 2006 година, го објаснува наводното прикривање на „операцијата со лажно знаме“.

 

– Бев потполковник во ФСБ, руската тајна служба… Во 1999 година, пред претседателските и парламентарните избори, станови беа кренати во воздух. Кога се случија експлозиите, веднаш се посомневав дека тоа е дело на организацијата во која работев порано. Поставиле бомби под зградата, но случајно биле откриени од станарите. Покрената е истрага, која веднаш се фокусираше на тероризмот. Тие ги барале терористите и ги нашле следниот ден. Мажите кои беа уапсени се испостави дека се офицери на ФСБ. А потоа следниот ден се случи многу необичен инцидент. Кога биле уапсени, се одржувал состанок на Министерството за внатрешна безбедност.

 

Тогаш поранешниот министер рече: „Им честитам на нашите колеги што го спречија овој чин на тероризам“. Нашите напори веќе покажуваат резултати, што може да се види во спречувањето на детонацијата на овие станови”. Токму тогаш беа уапсени три лица. Тие беа офицери на ФСБ. Ова му беше пренесено на нивниот шеф, кој 30 минути подоцна истрча од собата и рече дека тоа било вежба, а не терористички акт. Се користел шеќер, не хексоген и немало бомби. Во цивилизирана земја овие два факти би биле основа за темелна истрага, но ништо не е направено. Заменикот кој го повикал бил претепан до смрт. Друг е отруен. Службениците на ФСБ вклучени во овој инцидент биле отпуштени, убиени или отруени итн. – рече Литвиненко.

 

„Вокс“ посочува дека има малку докази кои сугерираат дека нападот во Москва бил или руска „операција со лажно знаме“ или план на Киев. Се чини дека е поверојатно, како што се вели, дека ИСИС, групата која ја презеде одговорноста и во минатото покажа дека има и средства и мотив за да изврши токму такви напади, да е вистинскиот сторител.

 

 

Зошто ИСИС би ја нападнала Русија?

 

Американските разузнавачи веруваат дека тоа е конкретно дело на авганистанската група на милитантната група, Исламската држава во Хорасан (ИСИС-К). Аналитичарот за тероризам Колин Кларк рече дека од снимката е јасно дека напаѓачите имале искуство и обука.

– По начинот на кој пукаа, дури и просторот што го чуваат додека извршуваат напади, јасно е дека биле добро обучени. Изгледа не беа само локални момци кои ја апсорбираа пропагандата на ИСИС и решија да направат нешто – изјави тој за Vox, додавајќи „се обложувам дека биле обучени во Авганистан“.

 

ИСИС-К изврши самоубиствен напад врз руската амбасада во Кабул во 2022 година, а претходно овој месец руските власти тврдеа дека ја спречиле групата да нападне синагога во Москва

 

Исламистичките групи како ИСИС-К имаат долготрајни судири со Москва, кои датираат од советската војна во Авганистан во 1980-тите, задушувањето на бунтовниците во Чеченија и Северен Кавказ во 1990-тите и 2000-тите, и руската поддршка за владата на Башар ал Асад во Сирија. Нападот во Москва потсетува на нападот на ИСИС во 2015 година врз театарот Батаклан во Париз, во кој загинаа 90 луѓе, како и на заложничката криза во московскиот театар во 2002 година, кога милитантите од Северен Кавказ ги земаа како заложници публиката, актерите и персоналот.

 

 

Три дена подоцна, повеќе од 700 заложници беа спасени откако руските специјални сили испумпаа отровен гас во театарот и упаднаа на местото на настанот. Но, речиси 130 заложници загинаа, многумина од проблеми со гас и други проблеми за време на операцијата за спасување, според РСЕ. Многу членови на исламистичката чеченска сепаратистичка група зад нападот подоцна се приклучија на ИСИС во Сирија, каде што се вториот по големина контингент странски борци на Исламската држава од 2011 година, со проценета – според руските безбедносни служби – 1.700-3.000 Чеченци и други милитанти од Северен Кавказ во Сирија. Бунтовниците против Асад ја обвинија сириската влада дека соработува со ИСИС за да ги ослабне дури и кога тоа служи за тактички воени цели.

 

Тие тврдеа дека Дамаск и Москва играат двојна игра, користејќи џихадисти за да ја саботираат револуцијата против Асад и да ја прикажат како екстремистичка. Според Политико, во мај 2015 година, леснотијата со која ИСИС можеше да ја заземе Палмира наведе некои воени набљудувачи да шпекулираат дека Асад и Русија намерно го напуштиле античкиот сириски град за да добијат наклоност на Западот.

 

 

 

 

„Објаснување што не му одговара на Путин“

Иако Исламската држава ја презеде одговорноста за петочниот масакр во Москва, како што пишува Вокс, едноставното објаснување дека ИСИС е одговорна не би му одговарало на Путин. Тоа би значело дека тој го игнорирал американското предупредување за неизбежен напад, кој потоа го отфрлил како „уцена“ со цел да го дестабилизира руското општество. Исто така, според порталот, тоа би било уште еден пример – покрај исклучително деталното американско предупредување за руските воени планови пред инвазијата на Украина во 2022 година – „кога се чинеше дека американските шпиони знаат повеќе за тоа што се случува во Русија отколку безбедносните служби на Путин“.

И експертите велат дека Кремљ најверојатно ќе ги искористи убиствата за пропагандни цели. Според Сем Грин, аналитичар во Центарот за анализа на европската политика, владата на Путин веројатно ќе продолжи да сугерира дека Украина била некако вмешана, иако тоа е „терористички чин, точка“.

„Бидејќи не успеа да го спречи тоа, Кремљ веројатно ќе бара начин да го искористи, што може да значи префрлање на вината на Украина. Фактот дека Кремљ ќе го искористи нападот за политички цели не значи дека тоа беше операција за лажно знаме“, рече Грин на „Х“, пред говорот на Путин во кој рускиот претседател рече дека напаѓачите избегале „кон Украина“.

Извор

Back to top button
Close