Кој и зошто им дозволи влез и фотографирање на Бујар Османи и Неџати Јакупи на Инфективна?

Кој и зошто им дозволил влез и фотографирање на Клиниката за инфективни болести на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и на директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи, е прашањето кое се отвори во јавноста откако Османи вчера на “Фејсбук” објави фотографија со претседателот на Собранието, Талат Џафери, хоспитализиран во болничка соба.

Османи, кој е и хирург на Дигестивната клиника, за „360 степени“ вели дека бил дежурен на работа. На прашањето во кое својство бил на Инфективната клиника и дали се дозволени посети и фотографирање, тој вели дека Џафери е негативен на ковид-19. „Вчера бев дежурен на Клиника. Џафери не е позитивен на корона“, одговори Османи. Османи избегнува директен одговор за тоа кој му дозволил влез на Инфективна и дали се дозволени посети, макар и од доктори на други клиники, а не се осврнува ниту на делот од прашањето за фотографирањето со хоспитализиран пациент.

повеќе

Back to top button
Close