КОЈ, КАКО И ЗОШТО ГИ УБИВА ЕКОНОМИИТЕ НА НЕРАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ?

Одговор на обие прашања може да се најде во маестралната книга  на  Џон Перкинс ИСПОВЕД НА ПЛАТЕН ЕКОНОМСКИ УБИЕЦ која беше објавена во 2004 година и   стана  светски бестселер! Книгата е преведена на повеќе јазици, меѓу кои и на српски, но не и на македонски!?  Авторот на книгата мошне убаво и отворено   пишува за тоа како   се убиваат еконмиите на неразвиените земји. Констатира дека светскиот економски поредок е скроен така  што развиените земји континуирано се збогатуваат, а сиромашните континуирано осиромашуваат и апелира за промени во ваквиот поредок, но консттатира дека, за жал, најголемите профитери од истиот не се подготвени за какви било суштински промени во него! Треба да се има предвид фактот што со ваквиот систем се обезбедуваат високи плати и за брачните  другари и членови на семејствата  на високите американски политичари, конгресмени и сенатори, кога се на власт, но високи плати и за нив кога загубат на изборите.  Тоа се прави на тој начин што ваквите плати се внесуваат во рамковните договори за изградба на скапи   инфраструктурни проекти, големи фабрики и/ли слични проекти во неразвиените земји!  Затоа никој не треба да се чуди зошто во договорот за изградба на автопатите во Република Македонија се внесени астрономски цени, со  реални изггледи за натамошно  зголемување на ваквите превисоки цени поради доцнењето со  изградбата на проектите.  Со цел да остварат максимален профит, компаниите кои треба да ги градат автопатите во РМ  увезуваат работна сила од Авганистан, Пакистан и други сиромашни азиски земји кои се подготвени да работат за минимални плати!

Џон Перкинс завршил високо образование  за менаџмент на Бостонскиот универзитет и  многу брзо станал интересен како потенцвијал кој одговарал на извесни политички и економски структури,  како што се Националната агенција за безбедност (АНБ) и  компанијата  МАИН која била консултант на Светската банка и   благодарејќи на долго годишно  искуство, брзо станал  таен агент, односно економски убиец. Работел во  Еквадор, Нигерија и Индонезија  каде се облекувал како учител или продавач., Во Вашингтон и во Париз се однесувал како владин чиновник или како банкар .Посетувал  проекти и сиромашни села, проповедал алтруизам и говорел на локалните медиуми за добробитот  кој ќе го донесе хуманитарниот  проект што го нуди и на тој начин бил прифаќан во средините во кои дејствувал.  бори против ваквиот поредок!

Книгат на Перкинс  би можела Нагласува дека тоа бил неговиот свет во кој ги вклучува  и ММФ и Светската Банка, кои имале  значајна улога во „новите  економски поробувања “ на светот и верува  дека само единствен одговор на загрозените земји во развој може да го разбие обрачот на новата  светска империја, која е безмилосна. Тој се обидува да покаже  дека работите не се такви како што изгледаат  и дека вреди да се

да биде мошне корисна за отрезнување и отворање на очите на неуките македонски политичари, но и  на стопанствениците, кои  заради нивните лични интереси, упорно се залагаат за примена на познатиот економски модел на Ленин кој го  фаворизира развојот на екстрактивната и тешката индустрија, а го  игнорира  земјоделието, кое е синоним за храна, и на производството на стоки за широка потрошувачка. Ваквиот економски модел во времето на социјализмот најдоследно се применуваше во Република Македонија и Босна и Херцеговина, а само Словенија  водеше паметна развојна политика која беше насочена на производство на стоки  за 22 милиони  југословенски жители и за извоз. Последиците од погрешната развојна политика на РМ мошне сериозно се почувствуваа по распаѓњето на Југославија и крахот на социјализмот.

Кина  воо времето на Мао Цетун водеше политика  „челичарница во секое село“, а од глад умреа 65-70 милиони Кинези. Кинескиот реформатор Денг Сјаопинг, кој  со тешки маки  (три пати лежел во затвор)  го напушти економскиот модел на Мао Цетунг и го насочи на производство на стоки за 1,2 милијарди Кинези и за изоз и успеа својата земја да ја трансформира во огромна мануфактура, која постојано го подига нивото на економскиот развој, што и овозможи огромен суфицит  во трговијта со светот и во последните 50-тина години успеа да прерасне во сериозен ривал на САД!

Перкинс мошне убаво објаснува како се убиваат неразвиените земји кои располагаат со минерални и други богатства за кои се заитересирани американските корпорации. Економсите убијци имаат задача да откријат кои неразвиени земји располагаат со минерални и други атрактивни ресурси за кои се заинтересирани американските компании. На овие земји им доделуваат големи кредити кои тие не се во состојба да ги отплатуваат и тогаш настапуваат економските убијци со барање  дајте ни го богатството што го имате! Воглавно тоа се минерални и слични ресурси, кои странските компании ги купуваат по мошне ниски цени, а ги продаваат по високи цени и на тој начин остваруваат енормни профити! Ваквите операции се подржани од американската  држава, а во некои случаи и од претседателот на САД  Џо Бајден, кој е мошне заинтересиран за војната во Укарина и активно ја подржува и помага Украина, каде неговиот син  Хантер развива мошне успешен бизнис.

Системот функционира така што економските убијци прават анализи на ресурсите со кои располагаат земјите во развој, на кои им се доделуват креити, кои овие земји не можат да ги отплатуваат и тогаш настапуваат економските убијци со барање ако не можете  да го отплатите долгот тогаш дајте ни го она  од што живеете, обично тоа се минералните ресурси на задолжената земја. Во реализацијата на  ваквите аранжмани учествуваат америкаските служби за бебедност и разнавање, конгресмени и сенатори, банки  а во некои посебно важни случаеви и претседателот на САД.  Агентите кои работат на реализацијта на вакви аранжмани се мошне добро подготвени и „махери“  за остварување на максимален профит. Во случаевите кога економскките убијци не се во состојба да  ги остварат зацртаните цели политичар од земјите во развој не ги прифати барањата на агентите, односно „економските убијци“ следат соодветни санкции, кон владите или шефовите на државите, вклучително и атентати на шефовите на држави или други политичари кои не ги прифаќаат барањата на „економските убијци“!!Авторот на книгата признава дека и самиот тој учествувал во  убиството на   Омар  Торијос од  Мексико, а го наведува и случајот со   убиството на претседателот на Ирак Садам Хусеин.

Агентот, односно платениот економски убиец Перкинс детално пишува и за манипулациите со цените на берзанските стоки со кои меѓународните корпорации остваруваат  астрономски профити, така што купуваат метали и други берзански стоки по минимални  цени со кои ги полнат депоата ги, создаваат вештачки кризи на пазарот а складираната стока ја продават по мошне високи цени и така остваруваат максимални профити.

Коста Стоименовски

Back to top button
Close