Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Агим Нухиу по Синичани се одмаздува на полицајци-Албанци

 

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, дури и по акциите во Синичани, продолжува да се занимава со Албанците. Овој пат со деградација на полицајци-Албанци во министерството каде тој раководи.

ДУИ преку партиски војници како Агим Нухиу ги користи државните позиции за одмазда против сите што гласаа за промена. Ваквото однесување на ДУИ им штети на луѓето директно, но и на државата. Нагласуваме дека државните институции треба да функционираат со професионалци, а не со војници кои работат под партиски наредби.

Апелираме до локалните институции, но и меѓународната заедница да преземат постапки согласно законот со кои ќе се запре злоупотребата на МВР за партиски интереси. Ова министерство мора под итно да прекине со деградацијата на албанските професионалци, кои ја вршат својата работа како што треба.

Ваквите постапки на ДУИ се само сведоштво за гневот на нивниот пораз на последните избори! Дојде време нашата држава конечно да стави крај на ваквите режими и да започне да функционира во европски дух.

Back to top button
Close