Коалицискиот совет на бугарската влада се собира денес заради Македонија

Во петок навечер ќе се одржи состанок на коалицискиот совет посветен на односте со Македонија. Ова го соопшти пратеникот од ИТН Станислав Балабанов. Според него, партијата ќе оди да дознае зошто воопшто се состануваат. Балабанов коментира дека ставот на Бугарија на оваа тема бил јасен.

Прашањето за Македонија предизвикува сериозни тензии во владејачката коалиција. Постојано се говори дека премиерот Кирил Петков е подготвен на отстапки. Тој негира и тврди дека не би можел сам да преземе никаква обврска.

Неодамна премиерот побара од претседателот Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за да разговара за ова прашање. Шефот на државата не се согласува и рече дека требало прво да разговара со Петков. На слична позиција со претседателот се и бугарските социјалисти и ИТН. На прашањето дали има напредок меѓу преговарачките групи, Балабанов рече дека не знае. Но, она што го видел од Македонија го влошило процесот.

Back to top button
Close