Коцевски -Истрагата за Артан Груби е готова чекаме екстрадиција. Незнаеме каде е тоа не е наша надлежност.
Истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е речиси завршена, единствено се чека на неговата екстрадиција – рече јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Според него, сите докази се собрани, има и финансиска истрага, но немаат информација каде е Груби бидејќи тоа не е надлежност на Обвинителството.






