Коцевски: Состојбата со Ковид-19 во Велес е стабилна, но треба да бидеме претпазливи

Во текот на денешниот ден во Велес се регистрирани три новозаболени од Ковид-19, еден оздравил, а 38 случаи се активни.

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денешната прес-коференција по одржаната 20 седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување информира дека здравствените институции од градот и претставниците на ОШЗС  оцениле дека состојбата со Ковид-19 во Велес и Велешко е стабилна, но ризиците се големи и апелира граѓаните да бидат крајно претпазливи.

Коцевски информира дека на  Инфективното одделение при Општа болница  во Велес хоспитализирано се 15 пациенти, од кои 14 позитивни и едно лице за кое се чекаат резултати. Четворица од нив се од село Јаболчиште и 11 се од Велес, двајца од нив се наоѓаат на кислородна подршка, а останатите се во стабилна состојба.

Тој поттенцираше дека две медицински сестри, еден медицински техничар и еден доктор од велешката болница се наоѓаат во  Клиниката за инфективни болести  во Скопје со цел да им помогнат на своите колеги во борбата против Ковид-19.

Back to top button
Close