Кочанчанец возел со 1,51 промили алкохол во крвта низ Кавадарци
Кочанчанец бил лишен од слобода рано изутрина затоа што управувал возило под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 1:10 часот на улицата „8 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР – Кавадарци го лишија од слобода 27-годишниот Ф.Ц. од Кочани. При сообраќајна контрола и преземени мерки, констатирано е дека управувал патничко возило „фолксваген голф“, со кочански регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта, појаснуваат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, како што најавуваат од МВР, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.