Кодновски: Победата на битолчани е и моја победа !

,,Во Битола Јас и моите противкандидати за градоначалник на Битола симболично го одбележавме потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори токму со пиење кафе на Широк Сокак.“ напиша кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола Христо Кондовски на својот ФБ профил
Во Битола, пиењето кафе е ритуал. На кафе се споделуваат мислења, се разменуваат гледишта, се коментира и студира животот во градот.
Јас и моите противкандидати за градоначалник на Битола симболично го одбележавме потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори токму со пиење кафе на Широк Сокак.
Битола има долга и богата традиција на политичка култура која сите ние како учесници во изборната кампања имаме обврска да ја надоградиме. Целта е да се претставиме пред граѓаните во една фер и демократска атмосфера, па тие нека го изберат #најдоброто за Битола.
Уште кога прв пат се обратив до јавноста како кандидат за градоначалник, ги поканив моите противкандидатите на заедничко кафе и благодарен сум што се одзваа на поканата.
Битолчани сакаат да видат натпревар на идеи, на визии, на проекти. Ќе им овозможиме тој натпревар да биде во фер и демократска атмосфера. Победата на битолчаени е и моја победа !
 напиша Кондовски.на својот ФБ профил

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close