Кога институциите ќе „заспијат“
Државното правобранителство барало Јавното обвинителство да го гони бизнисменот Сеад Кочан за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи останал да се брани од слобода во предметот „Труст“ со гаранција во имот кој бил замрзнат, откако претходно успеал да го префрли од неговата „Трансмет“ на „ТВ Нова“.

Дел од тој имот преминал во сопственост на „ТВ Нова“, непосредно пред Судот да го прифати барањето на Обвинителството за замрзнување на неговиот имот. Имено, Кочан го сторил тоа, иако знаел дека тој имот ќе биде предмет на забрана заради идна конфискација. Правобранителството барало да се испита постапката за продажба на конкретениот имот од „Трансмет“ кон „ТВ Нова“ и да се утврди од каде се уплатени средствата за него.
Сеад Кочан е еден од осудените во случајот „Труст“ на СЈО. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди на шест години затвор, а скопскиот Апелациски суд му ја намали казната на четири години и 8 месеци. Во предметот Кочан беше осуден за лажирање документација за учество на тендер на државната компанија ЕЛЕМ (сега ЕСМ) во вредност од 17 милиони евра за ископување јаловина и јаглен од рудникот „Суводол“ во Битола, и тој во моментов ја одлежува затворска казна.
Средствата од продажба на одземениот имот на Кочан (17 милиони евра), се очекуваше да бидат првите кои ќе го завртат бројчаникот на Триумфална порта. Сега се нижат прашањата дали тој имот е изгубен и дали некој згрешил?
Според извори од Обвинителството, тој имот е на РСМ.
„Гаранцијата била дадена од ‘ТВ Нова’, но од денот кога Кочан почнал да ја издржува казната затвор, таа гаранција формално треба да биде тргната. Односно, имотот со кој ‘ТВ Нова’ гарантирала, е во сопственост на РСМ”, тврдат за ДВ извори од Обвинителството.
Зошто не го оспорил побарувањето на „Пуцко петрол“?
Претходно, Правобранителството барало одговорност за двајца поранешни обвинители на СЈО, затоа што дозволиле сопственикот на „Трансмет“ со замрзнат имот да гарантира дека нема повторно да избега. Од Обвинителството велат дека критиките се упатени на погрешна адреса.
„Наводите на правобранителот немаат допирна точка со фактичката ситуација. Напротив, Обвинителството бараше и доби притвор за Кочан, а Судот го пушти со гаранција. Имотот, кој е предмет на гаранција определена од Судот, а кој е и предмет на конфискацијата, сега е во сопственост на РСМ и нема никаква штета во кој било контекст“, велат тие.
Според нив, сета „врева“ најверојатно е резултат на епилогот на друга постапка – тоа што дел од запленетиот имот на „Трансмет” е преземен од „Пуцко петрол” во период меѓу првостепената и второстепена постапка, иако во судот се воделе постапки за спорните нотарски договори склучени откако државата веќе со судска пресуда го добила имотот на „Трансмет” стекнат со кривични дела.
„Постапувањето на правобранителот во стечајот на ‘Трансмет’ веројатно e поводот за неосновани напади врз Oбвинителството. Toj треба да каже зошто не го оспорил побарувањето на ‘Пуцко петрол’ за разлачно право од стечајната маса на ‘Трансмет’, иако стечајниот судија му укажал на правобранителот дека имотот врз кој се воспоставува заложното право е опфатен со пресудата за конфискација“, велат нашите соговорници.

Извор: дв