Коха: Груби вицепремиер, Османи министер за надворешни, Бесими во Финансии, Бектеши во Економија

Артан Груби ќе биде првиот вицепремиер и министер за политички систем, додека Бујар Османи ќе биде новиот Министер за надворешни работи, објави весникот КОХА повикувајќи се на веродостојни извори, пренесува Либертас.

Истите извори информирале дека министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, додека Екологијата ќе ја води сегашниот министер, Насер Нуредини.

Првиот вицепремиер е за прв пат од албанска партија, додека одлуките, како што се договориле коалициските партнери, ќе се носат со консензус меѓу премиерот и првиот вицепремиер, пишува весникот.

Инаку, ДУИ ќе го предводи и Министерството за информатичко општество и администрација, додека името на министерот се очекува да биде договорено најдоцна до вечерва. Имињата на замениците министри ќе бидат познати и однапред – шест кои ќе припаѓаат на ДУИ.

Во меѓувреме, веќе е назначено дека министерот за земјоделство, кој ќе припадне на Движењето БЕСА, ќе биде Аријанит Хоџа, генерален секретар на партијата.

Back to top button
Close