Кои се најздравите видови на сирења?
Иако многумина сметаат дека сирењето е здрава млечна намирница, други тврдат дека и не е баш така поради големата количина на заситени масти и сол. Но, бидејќи има повеќе од 1.500 видови сирења, јасно е дека нутритивната содржина може значително да варира.
Сирењето е генерално здраво затоа што е млечна намирница богата со хранливи состојки. Во сирењето има квалитетни протеини, калциум, калиум, магнезиум, витамини Б. Некои видови содржат корисни пробиотици кои се добри за варење и општото здравје. Сепак, умереноста е клучна и кај сирењата, особено кај полномасните, поради големата количина на заситени масти.
Сајтот EatThis ги издвојуваат најздравите видови сиреа.
Моцарела
Половина од тежината на моцарелата е вода, па тоа е најдобрата опција кога станува збор за сирењата. Толку многу вода значи дека моцарелата има помалку калории, заситени масти и натриум во споредба со многу други посолидни видови сирења. Може да ја јадете во омилените италијански специјалитети или да ја комбинирате со свеж леб, чери домати и рукола.
Ситен немасен сир – Котиџ чиз
Младиот ситен сир е меѓу оние видови со најмногу протеини и најмалку масти, што го прави популарна диетална храна. Освен што е младо сирење богато со калциум, содржи леуцин, есенцијална амино-киселина за мускулната маса. Може да го ставите во смути, солени палачинки или едноставно да го додадете во салата.
Швајцарско сирење
Богато со протеини, познатото швајцарско сирење е едно од најздравите бидејќи содржи повеќе витамин Б12 отколку другите видови. Понатаму, еден е од ретките сирења со витамин А, кој е хранлива материја важна за имунолошкиот систем и очите. Интересно е што дупките во швајцарското сирење се формираат од јаглерод-диоксид за време на процесот на созревање и, што се поголеми дупките во сирењето, тоа има посилен вкус.
Чедар
Тврдиот стар чедар има помалку лактоза и е полесен за варење. Покрај тоа, зрел чедар е богат со витамин К2, есенцијален витамин за густината на коските. Исто така содржи корисни пробиотици. Чедарот може да се изренда во салати, да го посипете врз крем супи или некое вариво, а може да се јаде и класично исечкан со зеленчук, маслинки и интегрален леб. (ТРН)