Кои се Виктор и Александра: велешани повторно креираат лажни вести во корист на Трамп пред изборите

Велес, градот кој преку првата претседателска кампања на Доналд Трамп во 2016, стана светски познат по ширењето лажни вести, повторно сака да го земе својот дел од колачот за претстојните избори. Истражувањето „Партнерство за интегритет на изборите“, покажало дека луѓе од Велес повторно градат мрежи од веб-страни, со чија помош шират лажни вести за изборите во САД.

Во истражувањето посебно се истакнува една веб-страница со име Resist the Mainstream(Спротивстави се на меинстримот). Повеќето од содржините на оваа веб-страна едногласно ги поддржува или промовира конзервативните политичари. Голем дел од текстовите се копирани од други веб-страници, посебно од десничарскиот портал The Daily Wire.

Понекогаш се протнува и лажна вест, како на пример онаа дека Џо Бајден носел „бубица“ во увото во текот на првата претседателска дебата. Во рубриката „За нас“ стои дека „Проектот е направен со мисија да се известува за вести кои меинстрим медиумите не сакаат да ги објават“. Како адреса на порталот, пак е наведен Остин, Тексас.

Истражувањето „Партнерство за интегритет на изборите“ покажало дека зад оваа страница стојат две лица од Велес кои собираат содржини од десничарските портали и потоа ги шират по социјалните мрежи.

„Немаме причина да се сомневаме дека операторите на овие страници се мотивирани од нешто друго, освен од финансиска корист. Меѓутоа, тие продолжуваат да профитираат од поларизација и веројатно придонесуваат за нејзино ширење во Америка. Лицата кои се десно наклонети ги читаат овуе странски извештаи“; стои во заклучокот.

Повеќе на А1он.

Back to top button
Close