Koja e Алта Банка – од југословенски корени до контроверзна трансформација

Алта Банка (Alta banka a.d. Белград) своите почетоци ги има во 1979 година, кога е основана под името ЈУБМЕС Банка како специјализирана југословенска банка за меѓународни финансиски трансакции. Во нејзината историја се забележани и познати имиња – на пример, во 80-тите години директор бил Иван Стамболиќ, а подоцна претседател на Управниот одбор бил Зоран Лилиќ, поранешен претседател на СР Југославија, пишува Рацин.

Децении функционирала како помала деловна банка со специфична улога, сè до промените по распадот на Југославија. Во текот на транзицијата, државата Србија задржуваше удел во банката. Но, во 2018 година Владата на Србија решава да го продаде својот сопственички дел од 28,5% во ЈУБМЕС Банка. До март 2019 година, пазарната вредност на банката изнесувала околу 25,7 милиони евра, што укажува дека станува збор за релативно мал финансиски субјект во споредба со најголемите банки во земјата.

 

Приватизација и промена на името

Во 2019 година, компанијата Алта Пеј Груп (Alta Pay Group) ја откупува државната акција од 28,51% за 5 милиони евра, со што станува најголем поединечен акционер во банката. Зад овој инвеститор стои српскиот бизнисмен Давор Мацура, кој преку Алта Пеј Груп практично ја превзема контролата. Следната година, во март 2020, ЈУБМЕС Банка официјално го менува името во Алта Банка, одразувајќи ја новата сопственичка структура и стратегија. Промената беше кулминација на приватизацијата – транзицијата од институција со државен удел кон целосно приватна банка. Превземањето не помина тивко: според сведоштва на поранешни вработени, новото раководство спровело „брутални“ отпуштања во периодот кога банката преминала во рацете на Мацура, сигнализирајќи агресивен резонструктивен пристап кон работењето.

Повеќе

Back to top button
Close