Кока кола со предупредување: Во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување

Кока кола ги предупреди граѓаните на социјалните мрежи да не веруваат на лажната страниа, откако денеска се споделуваше онлајн истражување „Фонд за социјална помош на Кока-Кола“ кое масовно беше препраќано на Фејсбук, а наводно било спроведено од самата компанија.

„Во интернет просторот се појави лажна страница која се претставува како The Coca-Cola Company, би сакале да Ве известиме дека во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување. За сите моментални наши активности може да се информирате на Coca-cola.mk.“,соопштија на Фејсбук од Кока кола.

Back to top button
Close