Кол Палмер нема да игра за Англија поради повреда

Фудбалерот на Челси, Кол Палмер, поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Англија на стартот од квалификациите за СП 2026 година, соопшти денеска неговиот клуб.

-Палмер се врати во клубот од кампот на репрезентацијата на Англија поради повреда на мускулот заработена на неделниот тренинг на тимот. Палмер не играше за Челси против Арсенал во неделата поради таа повреда. Палмер ќе ги пропушти натпреварите на Англија против Албанија и Летонија поради повредата, се вели во соопштението на „сините“.

Англија во петок и гостува на Албанија, а потоа на Летонија во понеделник на почетокот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година во групата К, во која е и Србија. Петтиот член на групата е Андора. Само победникот од групата ќе обезбеди директен пласман на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе се пласира во баражот

Back to top button
Close