Колективен притисок врз Израел: Канада, Франција, Германија, Италија и Британија бараат запирање на офанзивата во Либан

Масовна израелска копнена офанзива“ во Либан мора да се спречи, бидејќи би можела да предизвика исклучително сериозни хуманитарни последици, се наведува во заедничката изјава на Канада, Франција, Германија, Италија и Велика Британија.

 

„Значителна израелска копнена офанзива би имала исклучително сериозни хуманитарни последици и би можела да доведе до долготраен конфликт“, се посочува во соопштението.

 

Петте земји нагласуваат дека ваквата офанзива мора да биде спречена, бидејќи хуманитарната ситуација во Либан, вклучувајќи го и континуираното масовно раселување на населението, веќе е исклучително алармантна.

 

Истовреме во изјавата се додава дека земјите ги поддржуваат напорите на либанската влада за разоружување на шиитското движење „Хезболах“, кое е поддржано од Иран.

Back to top button
Close