Колку нуклеарно оружје има Русија во споредба со САД, Европа и остатокот од светот?

Рускиот претседател Владимир Путин, дента пред да започне рускиот напад над Украина, во своето обраќање до јавноста упати предупредување до западните земји дека секој што размислува за надворешно мешање ќе се соочи со „последици поголеми од сите со кои се соочиле во историјата“.

 

Кој ќе се обиде да не попречи, а уште повеќе да создаде закани за нашата земја, за нашиот народ, нека знае дека одговорот на Русија ќе биде моментален и ќе ве доведе до такви последици какви што не сте доживеале во вашата историја. Подготвени сме за секаков развој на настаните. Донесени се сите неопходни одлуки во врска со ова. Се надевам дека ќе ме слушнат, рече рускиот претседател.

Путин во својот говор ги обвини Соединетите Американски Држави и нивните сојузници дека го игнорираат неговото барање да ја спречат Украина да влезе во НАТО и понудите на Москва за безбедносни гаранции.

Предупредувањето на Путин ги поттикна стравувања дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје против непријателот.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, на прашањето дали предупредувањето на Путин е всушност нуклеарна закана, одговори потврдно.

„Да, но мислам дека Владимир Путин исто така мора да разбере дека Атлантската алијанса е нуклеарна алијанса. Тоа е сè што ќе кажам за ова“, рече Ле Дријан во четвртокот на француската телевизија TF1.

Отако рускиот претседател му нареди на Министерството за одбрана да ги стави во „режим на специјална борбена подготвеност“ нуклеарните сили на земјата, сега целиот свет се прашува дали Путин ќе го притисне црвеното копче.

Меѓу руското нуклеарно оружје се и интерконтиненталните балистички ракети (ИЦБМ), кои можат да патуваат илјадници километри.

Според  Arms Control Association, Русија и САД имаат илјадници нуклеарни оружја, додека Обединетото Кралство, Франција и Кина имаат стотици.

Колку нуклеарно оружје има Русија во споредба со остатокот од светот?

 

Русија – 6.257

 

Америка – 5.550

 

Кина – 350

 

Франција – 290

 

Велика Британија – 225

 

Пакистан – 165

 

Индија – 156

 

Израел – 90

 

Северна Кореја – 40

Украина нема нуклеарно оружје.

 

По завршувањето на Студената војна во 1991 година и распадот на Советскиот Сојуз, чиј дел беше Украина, Москва остави голем број нуклеарни централи во Украина. Сепак, Украина донесе одлука да се ослободи од оружјето и се одлучи за целосна денуклеаризација.

 

Нуклеарните опции се најдрастичното оружје во арсеналот на суперсилите и одлуката за нивна употреба носи најтешки можни последици.

Договорот за неширење на нуклеарно оружје е на сила од 1970 година. Него го потпишаа Велика Британија и САД, како и Советскиот Сојуз (сега Русија), а на договорот се приклучија вкупно 191 земја.

 

Back to top button
Close