Колумбиската морнарица пресретнала подморница со 800 килограми кокаин

 

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800 килограми кокаин. Подморницата долга 15 метри, позната како „нарко-подморница“, е првата откриена годинава и пресретната е во територијалните води на Колумбија, јави Би-Би-Си.

Морнарицата ја проценува вредноста на заплената на околу 27 милиони долари, додавајќи дека се верува дека подморницата пловела кон Америка или Европа. Уапсени се три лица кои биле во подморницата. Морнарицата додаде дека го пресретнала пловилото што се движело низ Пацификот во неделата.

Пронајдени се пакувања со кокаин хидрохлорид, со печат на скорпија или со име „Вини“ или „Карнал“. Дрогата и шверцерите се пренесени во Буенавентура, пристанишен град во Колумбија

Back to top button
Close