Командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи во посета на С Македонија

– Меѓусебната соработка и учеството на заедничките активности на Армијата на Република Северна Македонија и командата на силите на САД за Европа и Африка, ќе бидат дел од темите за разговор на нашиот државниот врв со командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи кој денеска е во официјална посета на Република Северна Македонија.

Од Генераштабот на Армијата, информираат дека за време на престојот, генералот Каволи ќе има  издвоени средби со претседателот на Република Северна Македониј, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На средбите меѓу другото ќе се разговоара и за тековната вежба „Одлучен удар 21“, која е дел oд „Defender Europe 21“ организирана и предводена од оваа команда на Вооружените сили на САД.

Back to top button
Close