Комеморација за професорката Пројковска, придружен вокал на ДНК која загина, ќе се одржи во среда

Комеморација во чест на вонр. проф. м-р Сара Пројковска – Николовска, која беше придружен вокал на ДНК и загина во пожарот во Кочани, ќе се одржи на 26.3.2025 во 13ч. во Концертната сала на ФМУ.

„Ве известуваме дека на ден 26.3.2025 год. со почеток од 13:00 часот во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатата, наша драга и непреболена вонр. проф. м-р Сара Пројковска – Николовска“, велат од Факултет за музичка уметност – Скопје

Back to top button
Close