Комисијата за историски прашања заглави на придавката „македонски“, Софија осамена во ветото

Дводневната 11.средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, вчера заврши без каков било напредок. По онлајн средбата копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров информираа дека голем дел од нивната работа бил посветен на усвојувањето на записниците од претходните две средби, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, како и разидувања околу цар Самоил. Сепак, најавена е нова онлајн средба за следната недела.

Ѓоргиев потврди дека добар дел од средбата бил посветен на записниците од 9. и 10. средба, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, поврзана со различно толкување на Преспанскиот договор, од бугарските колеги.

Во врска со работатата на Комисијата за претставувањето на цар Самоил и Самоиловата држава во учебниците по историја за 7-мо одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на мултиперспективност во учебниците по историја.

Димитров, пак, наведе за цар Самоил разговорите завршиле без резултат и се отстапило од веќе подготвен заеднички текст за двете влади за негово заедничко чествување.

Во однос на Гоце Делчев на состанокот било разговарано многу малку, и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.Договорена е онлајн средба следната недела во скратен состав за надминување на проблемот со цел потпишување на записниците на Комисијата, која е формирана согласно Договорот за добрососедство од 2017 година помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Back to top button
Close