Комисијата за заразни болести предлага да се укине ослободувањето од работа за бремените жени

Комисијата за заразни болести донесе одлука за предлог на две нови мерки коишто ќе ги проследи до кризниот штаб и до Владата. Веста ја соопшти портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

“Првата се однесува на укинување на задолжителното поседување на негативен ПЦР тест или потврда за прележаност и вакцинација при излез од земјата. Втората е да се укине ослободувањето од работа за бремените жени“, рече Мехмедовиќ.

Back to top button
Close