Комисијата за здравство ќе одлучи дали угостителите ќе работат и по 22 часот

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на седница треба да ги разгледа новите протоколи според кои, угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот.

До Комисијата се доставени и други барања за измени во однос на угостителските објекти, меѓу кои и оној за седење максимум четири лица на маса ако се семејство. Сепак, како што напомена Бектеши, крајниот збор ќе ои има токму Комисијата и ќе се почитува нејзината одлука, односно препорака.

-Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести за работата на угостителите по 22 часот. Ние доставивме такво барање, ќе чекаме до новата седница на Владата кој е предлогот на Комсијата и ќе ги информираме засегнатите страни. Од наша страна е барано да се направат измени, но денеска Комисијата ќе го дискутира нашето барање. на крај, сепак, ќе ја почитуваме нејзината одлука и препорака. Побаравме измени и во делот – четворица гости од исто семејство, рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на прес-конференција се осврна на трите пакет-мерки за поддршка на економијата.

Бектеши потсети и дека за хотелиерите пртоколот е веќе објавен, а бил усогласен со Стопанската комора минатата недела.

-Хотелиерите се помогнати и со бескаматните кредити, но треба да се има предвид дека претходната недела ја продолживме мерката за плати од 14.500 и за јуни, додека од 15 јули ќе може да се користат и ваучерите кои директно ќе ги помогнат хотелите, истакна министерот.

Тој најави и дека во втората половина на август, почеток на септмеври, Владата ќе излезе со уште една мерка – за поддршка на туристичките агенции.

Back to top button
Close