Компанијата dm воведува СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени: ,,Носиме нов концепт за пазарување на македонскиот пазар’’

Дрогерискиот ланец dm drogerie markt воведува нова ценовна стратегија, која подразбира долгорочно поволни цени, наместо понуди на попусти и акции. Од денес, 2 мај, кога ќе влезете во дрогериите на dm, ќе забележите дека се брендирани во црвена боја и ќе пронајдете повеќе од 7.500 производи (што сочинува повеќе од половина од целокупниот асортиман) со СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени.

Новиот концепт СЕКОГАШ ПОВОЛНО има за цел на купувачите да им донесе корист во вид на заштеда на пари и време на долгорочен план. Со воведување на ваков концепт за купување, дрогерискиот ланец настојува на домашниот пазар да ги пренесе одржливите трендови и квалитетната пракса од останатите европски земји од dm концернот.

,,Водени според искуството на европските земји во кои работиме и со внимателното разгледување на домашниот пазар, одлучивме да започнеме со нов потфат кој ќе ги оплемени потрошувачките навики на нашето општество. Концептот СЕКОГАШ ПОВОЛНО на купувачите ќе им овозможи купување без стрес, споредување на цени, чекање и следење на акции, или пак правење залихи на производи кои во тој момент може нема да бидат потребни’’ изјавија од компанијата.

Отсега, наместо производи на двонеделни и месечни акции, dm на своите купувачи им нуди голем број на производи кои се карактеризираат со долгорочно поволни цени. Бројот на производи по СЕКОГАШ ПОВОЛНИ цени, што моментално изнесува повеќе од 7.500, континуирано ќе се зголемува, а нивните цени нема да бидат зголемени најмалку 4 месеци – за многу производи и многу подолго! Со тоа, важен факт е и тоа што долготрајно поволната цена е значително пониска од редовните цени на пазарот.

И најдобрата вест е тоа што, со СЕКОГАШ ПОВОЛНО купувате транспарентно! Во тоа можете да се уверите гледајќи ја СЕКОГАШ ПОВОЛНО цената на производот. На секоја ценовна ознака на производите ќе биде јасно назначен датумот од кога важи долгорочно поволната цена, а купувачите оваа информација исто така ќе може да ја проверат и во двонеделниот и месечниот каталог, како и на социјалните мрежи на dm.

Купувачите во dm, во сите сегменти на асортимани – покрај висококовалитетните dm марки како што се Balea, alverde, dmBio, Denkmit, Dontodent, babylove и други, отсега ќе ги пронајдат и светски познатите брендови кои ќе имаат долгорочно поволни цени.

Како најголем дрогериски ланец во Европа, dm континуирано ги слуша потребите на купувачите, поставувајќи ги нивните желби во центарот на работата. На тој пат, dm ќе продолжи да ја исполнува својата визија за градење на здрави и одржливи трендови за купување, поттикнувајќи поквалитетно опкружување на пазарот, во заедницата во која работи.

-комерцијална објава-

 

Back to top button
Close