Комплексот „Македонско село“ од 23 јуни ќе биде отворен за посетители

По седум години неработење и затворени врати, комплексот „Македонско село“ кое е лоцирано на падините на планината Водно во Горно Нерези, ќе биде одново отворен за посетители на 23 јуни, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски за Вечер.

„Македонско село“ на 19 овој месец и официјално ќе биде предадено на фирмата „Ла Тераца“, која Службата за општи и заеднички работи при Владата ја избра за концесионер на комплексот. Томовски изјави дека примопредавањето ќе се случи во 11 часот, во присуство на претставници од Владата.

-На 23 или 24 овој месец, концесионерот „Ла Тераца“ ќе направи големо отворање. Инаку, работите околу подготовките на комплексот се во завршна фаза. Куќарките комплетно се подготвени, сега се уредува надворешниот дел – објасни Томовски.

Томовски нагласи дека на почеток, комплексот нема да може да работи со полн капацитет, но оти до крајот на месецот целосно ќе биде на располагање на посетителите.

Back to top button
Close