Комплетниот тим на Специја во изолација

Целата екипа на Специја е во самоизолација, откако се регистрирани уште седум случаи на коронавирус во редовите на италијанскиот фудбалски прволигаш.

Специја во петокот соопшти дека еден фудбалер е позитивен на коронавирус, а по најновите тестирања се регистрирани уште шест новозаразени фудбалери и еден член на стручниот штаб.

Клубот поради тоа ги прекина сите активности околу подготовките за новата сезона, а комплетната екипа е во карантин.

Веста за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Специја доаѓа ден откако ФИФА го казни италијанскиот клуб со двегодишна забрана за трансфери, поради кршење на правилата за носење млади играчи од Африка.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close