Комунални редари делеа едукативни флаери на дојранските плажи

омунални редари од Дојран, за време на викендот по плажите спроведоа акција за делење флаери на гостите со едукативни туристички содржини и основни информации за заштита и спречување на ширење на коронавирусот во која учествуваа активисти на граѓанското здружение ,,Профицио“.

Со оваа акција, посочија од општината, всушност започнаа активностите од проектот ,,Заедно за безбедно лето“, што локалната самоуправа од Дојран го организира со финансиска поддршка од владината програма за мерки за справување со Ковид-19.

Од општина Дојран ја потврдија и информацијата дека и третото тестирање на езерската вода,направено врз примероци земени од три плажи кон крајот на минатиот месец,покажало дека водата во Дојранското езеро е безбедна за капење.

Освен во викенд деновите,засега нема многу туристи во Дојран,но наредниот период се очекуваат да пристигнат во поголем број со оглед на актуелната здравствена криза која ги спречува да заминат на летување надвор од земјата.

Back to top button
Close