Комуналните служби на општина Карпош продолжуваат со миење и дезинфекција на локалните улици

– Комуналните служби на Општина Карпош продолжуваат со секојдневните активности за миење и дезинфекција на локалните улици. Денеска со цистерните се миеја сервисните сообраќајници во УЗ „Владо Тасевски“ (Млечен).

Како што соопштија од општината, цистерните користат и посебно средство за дезинфекција на јавни површини и ќе продолжат со миење и во текот на викендот, но и во претстојниот период.

Локалната самоуправа ја набави оваа механизација со цел да овозможи почисти јавни површини, улици, тротоари и платоа. Таа е овозможена преку грант за успешност од Светска банка (преку Министерство за финансии), а во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги. Цистерните се набавија уште пред прогласувањето на пандемијата од коронавирус, затоа што беа дел од планот на Општината за подигнување на јавната хигиена во сите населби, стои во соопштението.

Back to top button
Close