Кон: Студентскиот дом во Белград, Нови Пазар и Тутин се нови жаришта на вирусот

– Во последните 24 часа, едно лице почина во Србија како резултат на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 250.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, 4.308 лица се тестирани, а вирусот е потврден кај 73 лица.

Во Србија се потврдени 11.896 случаи на инфекција од почетокот на епидемијата, а бројот на излечи е 11.198.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, епидемиологот Предраг Кон денес за ТВ Прва изјави дека не е исклучено вториот бран на коронавирус да се врати многу интензивно и укажа на нови жаришта во Србија. Тој истакна дека граѓаните биле дисциплинирани додека имало рестриктивни мерки, а дека сега се е прашање на нивниот однос кон вирусот.

-Имате ситуација кога во една градинка започна со лице кое работи на одржување хигиена и таа патуваше со три колешки и така настана инфекција. Има проблем и поради враќањето на 17.000 студенти во Белград заради испитите и се потврди дека вирусот се појавил во студентскиот дом во Карабурма.

Според него, ново жариште е и во Нови Пазар после Бајрам и во Тутин.

-Се појавуваат жаришта, но не е лесно да се изврши надзор. Сега имаме 250 контакти кои се под надзор. Тие се слободни луѓе, но од ден на ден се слушаме со нив и ја следиме нивната состојба, објасни Кон.

Според него, тоа што се укинати мерките не значи дека нема контрола.

-Ние паѓаме од работата да најдеме контакти, а вие имате ситуација кога некој воопшто не користи заштитна опрема. Таа за за хронично болните и за старите лица е обврзувачка.

Тој додаде дека никој не може да се игра со тоа и да дозволи вирусот да се врати во поинтензивен бран.

Кон посочи дека состојбата со студентите, домовите за стари лица и празниците покажала дека вирусот е жив и пренослив.

-Нема друга алтернатива, ние треба да се отвориме и да живееме, ако не го сториме тоа, нема да имаме средства за зачувување на здравствениот систем. Ги исцрпивме можностите поврзани со вонредната состојб, објасни Кон.

Back to top button
Close