Kонцерт и промоција на нов албум на Bopheads


Џез ансамблот Bopheads составен од, во моментот, најзначајните имиња на македонската сцена, вечер ќе одржи концерт во Малата сала во Филхармонија, по што и официјално ќе биде промовиран нивниот прв албум.

Во Малата сала на Филхармонија ќе се одржи овогодинешното концертно издание на „Dinner Sessions“. Идеен творец на овој проект е пијанистот на Bopheads, композиторот и аранжер, Гордан Спасовски кој зад себе има голем број на соработки и богата кариера со повеќе различни состави.

На концертот покрај Гордан ќе настапат Кирил Туфекчиевски на контрабас, Виктор Филиповски на тапани, Кирил Кузманов на сопран и алт саксофон, Трајче Велков на труба, Иван Иванов на тенор саксофон, како и специјалниот гостин Џон Илија Апелгрен.

На концертот ќе бидат изведени премиерни композиции, неколку композиции од минатогодишното издание на „Dinner Sessions“ претставени во едно ново руво, како и композиции од деби албумот на Bopheads, „At The Philharmonic”.

Веднаш по завршувањето на концертот ќе следи и официјална промоција на првиот албум на Bopheads, „At the Philharmonic“, издаден од страна на издавачката куќа ЗЏМ Рекордс, која ќе се одржи во Филхармонија Бар, со почеток од 22 часот. Настанот ќе биде проследен со ДЈ сет на Бојан Петков, Шамба.

Back to top button
Close