Концерт на Илза Бафтиари – виола и Шкељзен Бафтиари – пијано

Концерт на Илза Бафтиари – виола и Шкељзен Бафтиари – пијано, вечерва ќе се одржи во Музејот на македонската борба во Скопје.

Концертот се одржува во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Шкелзен Бафтиари, дипломира на ФМУ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје, во класата на проф. Симон Трпчевски. Основното и средното музичко образование ги завршува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј- Скопје во класата на проф. Ќудмила Романова. Пијано почнува да учи од 10-годишна возраст со проф. Симона Зафировска во ДМУ ” Тодор Скаловски- Тетоец”- Тетово. Добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград, Белград. Има одржано солистички концерти во земјава и регионот, а настапувал како солист и во Лондон Сити Филхармоник, Македонската Филхармонија, Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Косовската Филхармонија, Симфонискиот орестар на Абанската РТВ.

Илза Бафтиари започна да учи виолина од деветгодишна возраст во класата на проф.Сихана Бадивуку. Од 16-годишна возраст учи да свири виола во класата на проф. Јован Бицевски во ДМБУЦ Илија Николовски -Луј Скопје, каде и ги заврши факултетот – додипломските музички студии во класата на проф.Фросина Балова. Има настапувано два пати како солист со Македонската Филхармонија, Камерниот Оркестар на ДМБУЦ во Италија, Камерниот Оркестар „Солисти на Фму“. Дел е од многу меѓународни оркестри. Моментално е вработена во Македонската Филхармонија, а е дел од германскиот оркестар „Manheimer Philharmoniker”, со кој настапува во најпрестижните сали во Европа.

Back to top button
Close